Кирјос испадна најголем лицемер, плукаше по Ѓоковиќ, а тој во дискотека се забавува без маска (ФОТО)

twitter.com/smh

Тенисерот е „фатен“ без маска во ноќен клуб во Австралија.

Австралискиот тенисер Ник Кирјос беше еден од првите, а воедно и најгласните критичари на Ноак Ѓоковиќ поради организацијата на „Адриа тур“ кога неколку тенисери се заразија до коронавирусот, вклучувајќи го и самиот Ѓоковиќ.

Кирјос постојано го напаѓаше Ѓоковиќ дека е виновен за ширењето на коронавирусот бидејќи организира турнир кога во светот владее пандемија на коронавирус, дека дозволи да има публика на трибините, но и поради тоа што тенисерите се сликаа и се дружеа со навивачите без да носат заштитни маски.

Исто така ги нападна и Александер Зверев и Доминик Тим кои беа дел од турнирот во Белград и им држеше лекции за тоа дека вирусот е опасен и дека луѓето губат животи и потенцираше дека тој секогаш ги почитува мерките и препораките од здравствените власти.

Но, со последниот потег, Кирјос испадна најголем лицемер бидејќи беше фатен во поинакво светло. Тој се фотографираше со пријателите како носи маска, но како што поминуваше времето тој ја загуби контролата и беше „уловен“ како без маска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот