Кирил Петков не сака министри од ГЕРБ-СДС во неговата влада

Не можеме да поддржиме влада со првиот мандат и не сакаме учество на министри од ГЕРБ-СДС во нашата влада, но сакаме влада, рече копретседателот на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) Кирил Петков во емисијата „Во фокус“ на бугарската Нова Телевизија.

– Нашите избирачи јасно ставија до знаење дека имаме мандат да постапуваме по политиките што ги ветивме. Никогаш не сме ветиле дека ќе има коалициска влада и нема шанси да отстапиме од овие ветувања, додаде Петков.

Тој коментира дека „клучот“ е ПП-ДБ да предложи малцинска влада, а заедно со ГЕРБ-СДС да разговараат за политиките.

– Според мене, многу е разумно, ако сакаат да видат каква влада ќе предложиме, да не поканат на состанок, на кој ќе одиме, рече Петков и објасни дека на таа средба ќе бидат претставени политиките и периодот во кој може да функционира евентуалната малцинска влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот