17.8 C
Скопје

Кипар доби прва жена претседател на Парламентот

Кипарскиот Парламент денеска ја доби првата жена претседател, откако пратениците, при второто гласање, со 25 гласа „за” ја избраа 35-годишната Анита Димитриу, јави дописничката на МИА од Атина.

Димитриу е членка на централно десничарската партија ДИСИ, која победи на парламентарните избори пред десет дена, и партијата чиј лидер беше и актуелниот претседател на Кипар Никос Анастасиадис.

По изборот на Димитриу, Анастасиадис ја истакна важноста што земјата доби жена на позицијата претседател на Парламентот.

-Она што е важно е дека денеска се испраќа силна порака до сите жени на Кипар, до сите граѓани на Кипар дека жените можат и заслужуваат да бараат слични позиции, истакна Анастасиадис.

Поврзани вести

Состојбата му е сериозна: Четиринаесетгодишно момче од Загреб испило литар вотка и завршило во болница

Катерина Стевовска

ВИДЕО | Заев: Ја враќаме довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ

Слободен печат

СЗО: Делта сојот полека станува доминантен во светот

Слободен печат

ВИДЕО | Ѓорчев: Бугарија има проблем со реалноста за постоењето на македонската нација и македонскиот јазик

Слободен печат

Санкционирани 83 возачи на автопатот Скопје – Велес поради брзо возење

Слободен печат

ВИДЕО | Трагедија во Перу: Во автобуска несреќа загинаа 17 патници

Слободен печат

Остави Коментар