Кинеските власти го укинаа хонгконгшкиот дневен весник „Епл Дејли“

Фото: МИА

Хонгконгшкиот дневен весник „Епл Дејли” е принуден да прекине со работа „по само неколку дена” откако кинеските власти го замрзнаа имотот на оваа компанија согласно Законот за национална безбедност, изјави денеска советник на уапсениот сопственик на весникот, Џими Лаи.

Информацијата за укинувањето на весникот предизвика бурни реакции меѓу жителите на Хонгконг, кои изнесоа спротивставени ставови.

Кетлин Керол, претседател на Комитетот за заштита на новинарите, изјави дека Лаи е „борец за слобода”, кој, според неа, се бори за правото на својата организација да работи слободно, „дури и во момент кога Кина и нејзините приврзаници во Хонгконг ги користат сите средства да го укинат весникот”.

Популарниот таблоид е во сопственост на затворениот критичар на Пекинг и медиумски магнат Џими Лаи, кој комбинира прозападен дискурс со озборувања од познати личности и истраги од оние кои се на власт.

Лаи беше уапсен во август 2020 година, врз основа на новиот закон за национална безбедност, односно под сомнеж дека соработувал со странски сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот