Кина прогласува победа над коронавирусот, Бразил тоне во криза

Европа, каде пандемијата уби повеќе од 171.000 лица од околу 2 милиони регистрирани случаи на зараза, продолжува по патот на бавна нормализација, со многукратни мерки на внимателност.

Кина ја прогласи победата над новиот коронавирус кој го нападна нејзиното население и продолжи да коси по светот, посебно во Бразил каде е веќе надминат прагот од 20.000 починати.

Додека епидемијата која засега зафати повеќе од 5,1 милиони луѓе и однесе најмалку 332.870 животи, според службените податоци кои се сметаат за потценети, Кина, каде вирусот се појави кон крајот на 2019 година, успеа да го сузбие на совјата територија.

САД ја обвинуваат Кина дека предоцна реагирала и според зборовите на претседателот Доналд Трамп, одговорна е за масовните смртни исходи во светот.

„Постигнавме голем стратешки успех во нашиот одговор на ковид-19“, изјави кинескиот премиер Ли Кеџијанг на првиот ден од пленарното заседание на Националниот народен конгрес, голем годишен собир на комунистичката власт.

Во Европа нормализацијата е забавена

Првпат во блиската историја Пекинг се откажа од одредувањето на цел на растот за оваа година зошто не може да го одреди влијанието на пандемијата.

Пред 3000 делегати со заштитни маски на лицето Ли нагласи дека пред нив е голема задача поради последиците на вирусот врз кинеската економија, која во првото тримесечје падна за 6,8 отсто.

Европа, каде пандемијата уби повеќе од 171.000 лица од околу 2 милиони регистрирани случаи на зараза, продолжува по патот на бавна нормализација, со многукратни мерки на внимателност.

Силно погодената од епидемијата, Велика Британија во петокот објави дека патниците од странство по доаѓањето во земјата ќе мора да поминат 14-дневен карантин.

Во Франција, критикувана зошто првиот круг на локални избори ги одржа на 15. март, во текот на пандемијата, владата најави дека вториот круг ќе го одржи на 28 јуни и дека гласачите ќе мора да носат заштитни маски.

„По вагањето за и против, мислиме дека демократскиот живот мора да продолжи“, објасни премиерот Едуард Филип.

Грција до 7. јуни го продолжи ограниченото движење во пренатрупаните бегалски кампови. Многу малку тестирани баратели на азил биле позитивни до сега и бранителите на човекови права, невладините организации и УНХЦР ја повикаа Атина на почитување на нивните права.

Со наредба на претседателот Трамп, во САД, најтешко погодената од пандемијата на ковид-19, знамињата ќе бидат на половина копје од петок до недела, во спомен на жртвите на заразата.

Во Русија повторно рекорди 

Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс од четвртокот, во САД од коронавирусот починаа 95.000 луѓе, а дневно починале 1.255.

Во Русија денеска е забележан нов рекорден број на починати, а во еден ден 150, но епидемијата и натаму е стабилна по бројот на новозаболени.

Тоа не е случај во Латинска Америка каде незапирливо расте бројот на заразени со страшни последици по економијата и работните места.

Според службените податоци, бројот на починати се удвои во само 11 дена и изнесуваше 20.000 во најзафатениот Бразил, каде и натаму забрзува ширењето на вирусот.

Инсистирањето на претседателот Жоао Болсонаро во врска со враќањето на работа и покренеувањето на економијата предизвикува, уште од почетокот на здравствената криза силна напнатост со гувернерите на бразилските држави, но двата табори ги приближија ставовите во четвртокот во текот на видео конференцијата.

Ковид-19 убива сразмерно повеќе млади во таа земја со 210 милиони жители. Само 69 отсто починати се постари од 60 години спроти 95 отсто во Шпанија и Италија, според службените податоци.

„Бидејќи нашето население е младо, нормално е процентот на мртви да биде повисок меѓу помладите од 60 години, но кон тоа придонесува и фактот дека младите возрасни лица помалку ги почитуваат мерките за ограничување“, објасни епидемиологот Мауро Санчез од Универзитетот во Бразилија.

Проблеми во Перу

Во соседно Перу, повеќето болници се пропаднати. „Во болниците владеа глетки од хорор филмови, изгледаат како гробишта, пациентите умираат на столици или колички“, раскажа болничар од болницата Хиполито Унано во Лима.

Извештајот на Економското повереништво за Латинска Америка и Карибите и Меѓународната организација на трудот донесува многу мрачна слика за последиците од здравствената криза на континентот.

Поради пандемијата ќе има дополнителни 11,5 милиони невработени во тој дел од светот во 2020 година, според извештајот објавен во четвртокот во Сантијаго, а падот на економијата на регионот годинава ќе изнесува 5,3 отсто, најлош од 1930 година.

Во Чиле, каде бројот на смртни случаи за 24 часа порасна за 29 отсто, жителите излегоа на улица да бараат помош во храна, додека поради епидемијата расне невработеноста и гладот во најсиромашните квартови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот