Кина: Огромна дупка „проголтала“ автобус, шестмина загинати

Според државните медиуми, периметарот на дупката изнесувал 10 метри. Засега не е познато колку лица биле во автобусот кога дошло до оваа трагична несреќа.

Најмалку шест лица загинаа, а 16 се повредени откако на средина од улица во Кина се отворила огромна дупка во која пропаднал автобус и неколкумна пешаци.
Инцидентот се случил синоќа пред болницата во Џининг, главниот град на провинцијата Кингхаи, јави Би-Би-Си.

На снимки од надзорните камери се гледа како минувачи кои чекале на автобуската станица бегаат бидејќи пред нив одеднаш се отворила дупка на улицата. Некои од нив останале за да им помогнат на патниците во автобусот, што, исто така, пропаднал во неа.

Според државните медиуми, периметарот на дупката изнесувал 10 метри. Засега не е познато колку лица биле во автобусот кога дошло до оваа трагична несреќа.

Во последните неколку години во Кина се случија неколку вакви инциденти со смртни последици. Дупките на улиицте и патиштата во оваа земја настануваат заради честите и неадекватни градежни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот