Ким Кардашијан и други славни личности ги „замрзнаа“ своите профили на еден ден

profimedia

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан Вест (39), актерот Марк Руфало (52) и многу други славни личности, во вторникот објавија дека „ќе ги замрзнат“ своите јавни профили на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм на еден ден, во знак на протест поради ширењето говор на омраза и дезинформации од секаков вид.

Со овој свој гест, многу славни имиња дадоа свој придонес кон кампањата „Стоп за ширењето омраза поради профит“, која ја организираше коалицијата за граѓански права.

Токму оваа коалиција иницираше едномесечен бојкот на Фејсбук, веднаш по смртта на Џорџ Флојд, кого полицијата брутално го уби.

Токму ваквиот начин на изразување на незадоволството стана многу популарен, особено откако голем број јавни личности што имаат огромен број следбеници истакнаа дека и тие ќе ја следат ваквата практика.

Најмногу поддржувачи донесе Ким Кардашијан со својата објава, поради илјадниците луѓе што ја следат на социјалните мрежи. Таа е позната по тоа што огромен број компании ѝ плаќаат и по милион долари за само една нејзина објава, токму поради нејзината популарност на социјалните мрежи.

Обожавам што можам со вас директно да комуницирам на Инстаграм и на Фејсбук, но не можам само да седам и да слушам како на овие платформи се шири омраза, пропаганда и дезинформации, кои се креирани од странски групи што сакаат да посеат раздор и да ја поделат Америка – напиша таа.

Меѓу другото, Ким напомена и дека ширењето дезинформации на социјалните мрежи има сериозно влијание врз резултатите на изборите и на демократските процеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот