Киев: Харков повторно цел на руско гранатирање

Харков / Фото: EPA-EFE/SERGEY KOZLOV

Источноукраинскиот град Харков беше погоден од неколку руски проектили, соопштија властите во текот на ноќта и информираа дека најмалку едно лице е повредено.

„Окупаторите го погодија Харков шест пати“, напиша во Телеграм Олег Синегубов, шеф на регионалната воена администрација, посочувајќи дека на самото место му била укажана помош на повредено лице.

Погодени се регионите Холоднохирски и Шевченковски, додаде Синегубов, прецизирајќи дека според првичните информации станува збор за ракети С-300.

„Оштетени се станбени згради“, рече Синегубов.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изброи „најмалку пет удари“, спомнувајќи еден ранет.

Покрај тоа, вчера попладне беше нападнат и рудник за јаглен лоциран во Торецк, северно од источниот град Доњецк, соопшти украинското Министерство за енергетика.

Едно лице кое работело на местото било повредено и е пренесено во болница, соопшти Министерството кое пријавило „значителна штета“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот