ФОТО: МИА

Киев ги повика жителите на Херсон да се евакуираат во текот на зимата

Украинската влада ги повика граѓаните на Херсон да се евакуираат во побезбедни региони на земјата во текот на зимата.

Министерката за реинтеграција на привремено окупираните територии во Владата на Украина, Ирина Верешчук, апелираше до жителите на Херсон, особено до ранливите категории – жени со деца, стари лица, болни и лица со тешкотии во движењето, да се евакуираат за време на зимата, пренесе агенцијата Униан.

„Со оглед на тешката ситуација во градот и проблемите со инфраструктурата, во текот на зимата можете да се евакуирате во побезбедни региони на земјата”, напиша Верешчук на каналот Телеграм.

Таа додаде дека владата нуди бесплатна евакуација во Криви Рих, Миколаев и Одеса, како и дека е можна и понатамошна евакуација во Кироворадската и Хмелничката област и другите западни региони на Украина.

Според Верешчук, на внатрешно раселените лица ќе им биде обезбедено бесплатно сместување во засолништа, хуманитарна помош, храна и медицинска помош.

На 11 ноември, руските сили го напуштија Херсон, градот што го контролираа од почетокот на март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот