Кичевчанец измамен во Гостивар, му украле 5.000 евра што ги дал за капар

Кичевчанц оставил 5.000 капар во гостиварска продавница, но пријавил дека ниту му ги вратиле парите, ниту му го дале производот што сакал да го купи, соопшти полицијата.

„На 02.10.2024 во 16.40 часот во ОВР Гостивар, 35-годишник од Кичево пријавил дека бил измамен од едно лице од Гостивар за сума од 5.000 евра. Според пријавеното, во јуни 2024 година тој отишол во продажен објект во Гостивар и од лицето побарал да купи одреден производ, но бидејќи моментално го немале производот, му оставил капар од 2.000 евра за што му била издадена потврда и се договориле во најбрз можен рок да го набави производот. Како што е пријавено, лицето потоа му се јавило и побарало уште 3.000 евра, кои тој му ги дал преку друго лице. Според пријавеното, ниту му бил испорачан производот, ниту му биле вратени парите“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот