КФСМ: По кој основ МЗТ бара враќање на уплатените парични средства!?

фото: мztskopjeaerodrom.mk/

Од федерацијата велат дека самиот барател не знае точно што бара и во барањето наведува работи кои што меѓусебно немаат никаква врска…

Како што е веќе објавено во текот на вчерашниот ден, МЗТ Скопје Аеродром бара да му бидат вратени парите, нешто повеќе од 17.000 евра кои се уплатени во касата на КФСМ.

Доколку парите не бидат вратени за три дена, МЗТ Скопје најавува правна постапка и тужба за претседателот на македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ.

Денеска се огласи КФСМ со одговор на барањето за поврат на средства (02.06.2020 година). Од федерацијата известуваат дека истото е неосновано во целост:

Имено, барањето е целосно конфузно и нејасно е по кој основ се бара враќање на уплатените парични средства, дали затоа што отпаднал основнот за уплата на истите, дали затоа што е сторена некава измама од некого или затоа што била злоупотребена службената положба?!

Во услови кога самиот барател не знае точно што бара и во барањето наведува работи кои што меѓусебно немаат никаква врска, зборува за тоа дека ова барање е целосно паушално, неосновано и служи за сосема други цели, а не за евентуално регулирање на било какви правни односи помеѓу субјектите.

Кошаркарската Федерација на Северна Македонија и нејзиниот претседател Перо Антиќ не можат никого да го спречат да покрене било какви постапки против било кого, но ред е да се напомене дека лажното пријавување на кривично дело е исто така претставува кривично дело „Лажно пријавување на кривично дело“ по член 366 од КЗ, за кое се гони по службена должност и е пропишана казна затвор од 3 месеци до три 3 години – соопштуваат од КФСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот