КФМ објави детали за најавениот олстар, ќе трае осум часа
Раководството на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) денеска ги соопшти детали околу претстојниот олстар-натпревар, кој е закажан за следната недела со почеток во 21 часот, а според најавите планиран е кошаркарски спектакл кој ќе трае повеќе од осум часа.
Препорачано
Кошаркарската програма во СРЦ „Кале“ ќе стартува во 12 часот, со натпреварот на т.н. „ѕвезди во подем“, односно најдобрите кошаркари во конкуренција до 20 години. Во 15 часот на сцена ќе излезат дамите, кои ќе се борат за олстар-приматот во женска конкуренција, додека кулминацијата на денот е закажана за 18 часот, пресметката меѓу најдобрите домашни и странски кошаркари од машката суперлигашка конкуренција. .
Според утврдениот концепт, секој клуб во трите конкуренции ќе има право да предложи по еден кошаркар за олстар-натпреварот, додека останатите учесници ќе бидат избрани задутре (во среда) на посебен состанок во просториите на КФМ. Во рамки на главниот вечерен настан предвидени се и натпреварите во шутирање тројки и забивање, при што учество ќе земат сите кои ќе се пријават, а доколку интересот биде поголем ќе се одржат и квалификации.
Покрај натпреварувачкиот дел, челниците на македонската кошарка планираат и свечено доделување на наградите за најдобрите поединци и екипи за сезоната 2024/25, кои ќе бидат врачени за време на паузите меѓу четвртините и на полувремето од натпреварите.
Преземено од: Спорт.ком.мк


