Кетрин Зита Џонс несакајќи му ја пресече ногата на Мајкл Даглас (ФОТО)

инстаграм

Актерката Кетрин Зита Џонс на Инстаграм за Божиќ објави семејна фотографија од одморот во Зимбабве.

Наместо насмеаните лица на Кетрин и Мајкл Даглас и нивните деца, синот Дилан и ќерката Карис, на фановите им „падна во око“ нешто друго – пресечената нога на Мајкл Даглас.

Изгледа дека Кетрин малку се заиграла со Фотошоп, а пред објавата на фотографијата не го забележала пропустот кој го направила.

„Кој генијалец стои зад ова уметничко дело“, „Твојот маж нема нога“ и „Што му се случило на Мајкл“ се само некои од бројните коментари кои се намножија под фотографијата.

Кога сфатила каква грешка направила, Кетрин ја избришала фотографијата и објавила две нови на кои Мајкл Даглас ги има двете нозе.

„Ногата на Мајкл исчезна. Да, исчезна во Африка, но ја пронајдовме и му ја сошивме назад“, се пошегува таа.

View this post on Instagram

Greetings to one and all!!❤️

A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот