Кетлин Џенер планира дете со речиси 50 години помладата девојка

профимедиа

Поминаа речиси четири години откако олимпиецот Брус Џенер „се претвори“ во Кетлин Џенер, а денес, се чини, го живее својот сон.

И тоа толку силно што се чини дека и на својата 70 годишна возраст размислува за детето, пренесува магазинот Closer.

Кетлин и нејзината 22-годишна девојка Софија Хатчинс, која исто така е трансродова личност, наводно размислуваат да ангажираат сурогам мајка. Џенер има шест биолошки деца и 14 внучиња, но тој за прв пат би станал мајка како жена.

– Кетлин и Софија разговараа за основање на семејство цела мината година. Иако Кетлин има многу деца, таа никогаш не одгледала дете во улога на мајка, а за тоа отсекогаш сонувала, изјави изворот за Closer.

Меѓутоа, децата од семејството Кардашијан- Џенер не го поддржуваат тоа бидејќи сметаат дека Софија создава притисок. Единствена која на својот татко му излезе во пресрет е Ким Кардашијан која и сама доби две деца преку сурогат мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот