Кети Грифин во емотивна објава откри дека има рак: Да, имам рак на белите дробови иако никогаш не сум пушела
Славната американска комичарка Кети Грифин на својот инстаграм-профил во емотивна објава откри дека има рак на белите дробови и дека е пред операција во која ќе ѝ биде отстранет дел од белите дробови.
„Луѓе, морам да ви кажам нешто. Имам рак. Наскоро ќе одам на операција за да ми отстрани половина од левото белодробно крило“, започна Грифин.
Понатаму, 60-годишната комичарка истакна дека никогаш не пушела.
„Да, имам рак на белите дробови иако никогаш не сум пушела. Лекарите се многу оптимисти бидејќи ракот е во прва фаза и се задржа на левото белодробно крило. Се надеваме дека после ова нема да ми треба хемотерапија или зрачење и дека ќе да можам да дишам нормално. За еден месец би требало да сум во движење како и обично“, пишува Кети.
View this post on Instagram
„Ова беа луди четири години, се обидував да се вратам на работа, ве смеев и ве забавував, но ќе бидам добро. Се разбира, јас сум вакцинирана против ковид. Ако не го направев тоа, последиците би биле уште посериозни. Ве молам одете редовно на прегледи, тоа ќе ви го спаси животот“, заклучи таа.
View this post on Instagram