Владимир Кешишев
Владимир Кешишев / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Кешишев: Го видов пиштолот на Палевски во партијата, тој истиот што полицијата му го зеде кај Демир Капија кога копавме злато

Половина од бензинот го ставивме во „кангуто“, а половина беше наменет за палење на „цитроенот“. Палчо го посипа бензинот, а Боре фрли чкорче и се запали „цитроенот“. Веднаш потоа влеговме во „кангуто“ за да се вратиме во штабот, сведочеше Влатко Кешишев во судница, објаснувајќи што според него се случувало откако била убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Кога Палевски стигнал во Турција после убиствата, Кешишев на телефон му кажал дека во штабот врие од полиција.

-Само што слушна дека му кажав оти овде врие од полиција ми го спушти телефонот – рече Кешишев.

Обвинителството го праша Кешишев како се согласил да работи без пари во партијата Десна кога зад себе Кешишев имал големо искуство како готвач во Германија, Швајцарија и дали било логично да не прима надомест за повеќегодишниот ангажман во партијата.

-Прифатив од патриотски причини – рече Кешишев и потврди дека од октомври 2021 до 2023 живеел без пари а сѐ им плаќале членови и симпатизери на Десна – храната и сите сметки биле платени од нив.

Велибор Манев дури подоцна, кога ја ископале дупката во која заврши животот на Панче Жежовски – му кажал дека е за киднапирање луѓе, а Кешишев додека копал, според неговите зборови, мислел дека копаат за да најдат злато.

– Палчо и Вељо го одбрале местото за копање на таа дупка – рече Кешишев.

Кешишев потврди дека видел пиштол во седиштето на партијата Десна и тоа истиот што подоцна му го зеде полицијата на Палевски кога копале злато во Демир Капија на 05.05.2023 година.

-И таму бевме да бараме злато, Вељо нè натера да копаме таму, ама не најдовме – рече Кешишев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот