ЕПА

Кејт Бланшет со шокантно признание: „Се откажувам од глумата и навистина го мислам тоа“

Познатата актерка Кејт Бланшет откри дека се повлекува од светот на глумата по речиси 30 години кариера, пренесува „Дејли мејл“.

Бланшет во интервју за „Радио Тајмс“, прво се двоумела кога ја прашале за работата, а потоа ја објаснила својата одлука.

“Тоа е затоа што се откажувам од глумата. Моето семејство превртува со очите секогаш кога го кажувам тоа, но навистина го мислам тоа. Сериозно имам намера да се откажам од глумата”, рекла таа. Таа исто така додаде дека голема причина е тоа што сака да прави многу други работи во животот. Таа не откри кога точно планира да се пензионира.

Ова не е првпат актерката да каже дека нејзината кариера е при крај. Пред две години таа рече дека често размислувала да се откаже. “Тоа не е повремено – тоа е постојано. На дневна или неделна основа. Тоа е како љубовна врска, нели? Се заљубуваш и се одљубуваш во неа и таа мора повторно да те заведе”, рекла таа.

Во текот на нејзината кариера, Кејт неуморно работеше на бројни проекти во театарот, филмот и телевизијата. Таа се здоби со популарност ширум светот, а за својата работа има освоено бројни награди – два Оскари, три БАФТА награди, три САГА и многу други. Актерката е родена во Мелбурн, а кариерата ја започнала во Австралија. Светската слава ја стекна во 1998 година со улогата во филмот „Елизабет“. Во 2000-тите, Кејт доживеа огромен успех со трилогии – прво во „Господарот на прстените“, а подоцна се појави во „Хобит“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот