„Ќе им порачам на колегите да искулираат, бидејќи уште долго нема да заработуваат“ (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Хрватскиот пејач Тони Цетински (51) како и сите негови колеги нема настапи веќе неколку месеци од безбедносни прични, поради пандемијата од коронавирусот.

Цетински се огласи преку својот профил на Фејсбук и откри дека е свесен за ситуацијата и дека уште долго време нема да има настапи, па поради тоа одлучил да ја промени професијата.

Тој имаше и порака за своите колеги, кои ги посоветува да се угледаат на него и да се насочат кон некои нови работи од кои ќе може да заработуваат наредниот период.

– Ќе им порачам на колегите да се опуштат, бидејќи уште долго нема да може да заработуваат. Насочете се кон помалку чекори. Еве, јас посадив градина и се одлично ми успеа – порачал Тони.

Тони одлучил да се врати на своите почетоци и повторно да пушта музика како диџеј на терсата на еден хотел во Опатија. На неговата музичка листа исклучиво ќе се наоѓаат хитови од 80-те и 90-те години.

Но, на крајот сепак открил дека не се откажува од својата пејачка кариера и дека со својот бенд секогаш ќе биде тука за некои приватни прослави и забави.

– Не се откажувам од својата пејачка кариера, мојот бенд и јас сме секогаш отворени за приватни забави и евенти. За публиката може да очекувате само бесплатни концерти и работи кои нема да го погодат џебот. Стартувам и со емисијата „Најдобрите години“, која ќе ја правам на Радио Ровињ. Тука ќе пуштаме музика која ја слушав кога започнав да излегувам со своите пријатели. Односно, идеме на мали чекори, без срам и страв – најавил Тони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот