Казни за двајца штипјани и една скопјанка

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Тројцата од ОЈО се обвинети за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Основното јавно обвинителство Штип до штипскиот Основен суд достави предлози за издавање казнени налози против три лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, соопштија од ОЈО Штип.

– Со предлогот, Обвинителството побара Судот да ги огласи обвинетите за виновни и да им изрече парични казни во износ од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 10 евра во денарска противвредност, објаснуваат од Обвинителство.

Обвинетите, двајца штипјани и скопјанка, кривичното дело го сториле со непридржување кон забраната за движење при што за време на полициски час биле забележани како се движат низ Штип пеш и со автомобил на различни локации.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот