Казни за 19 лица од Скопје

обвинителство ојо

За сите обвинети Јавното обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози, со кои на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби,

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка пред надлежен суд против вкупно 19 лица за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Скопје

– Имено, 18 од обвинетите биле затекнати при непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, додека еден обвинет не постапил по Решението со кое му била определена задолжителна самоизолација, истакнуваат од обвинителство.

За сите обвинети Јавното обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози, со кои на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, а висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот