Касами тргна да воведува ред, ама само кај Македонци, обвинуваат тетовци

Фото: Биљал Касами / Фејсбук / принтскрин

Тетовскиот градоначалник објави видео на кое се гледа како општинските служби, со пригодна драматична музика, отстрануваат нелегално поставени реклами, знаци и урбана опрема поставена во дел од градот, на улицата „Борис Кидрич“.

Видеото беше дочекано со огорченост и гнев од жителите на градот од македонска националност. Тие реагираат дека е симптоматично тоа што Касами воведува ред на едно од само неколкуте места во градот каде има поголема концентрација на дуќани, локали и угостителски објекти кои се во сопственост на етнички Македонци.

Граѓаните кои реагираат на социјалните мрежи велат дека проблемот со узурпација на јавните површини е далеку полош и поизразен во сите други делови од градот и го обвинуваат Касами дека врз грбот на Македонците во градот се обидува да глуми дека ги средува состојбите. Жителите-Македонци велат и дека се разочарани од советниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во општината, кои не реагираат на ова.

Во новиот општински совет, Беса на Касами има тенко мнозинство во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот