Кардиолози предупредуваат: Една утринска навика го старее вашето срце
Здравјето на срцето е основа за квалитетен и исполнет живот. Срцето секојдневно пумпа крв богата со кислород, хормони и хранливи материи низ телото и ги отстранува отпадните материи, со што овозможува организмот правилно да функционира. Токму затоа грижата за срцето има клучна улога во превенцијата на болести како што се висок крвен притисок, срцев и мозочен удар. Важно е да се знае дека здравјето на срцето не зависи само од вежбањето, туку и од секојдневните навики.
Препорачано
Кардиолозите предупредуваат дека една честа утринска навика може да му наштети на срцето, а тоа е започнување на денот во „реактивна“ состојба, односно веднаш проверување пораки, мејлови или влегување во стрес.
– Започнувањето на денот во реактивна состојба го поттикнува активирањето на симпатичкиот нервен систем – објаснува кардиологот д-р Крег Басман за „Парада“ (Parade).
Тој додава дека ова го зголемува нивото на кортизол и го забрзува работењето на срцето, што долгорочно може да доведе до висок крвен притисок и воспалителни процеси во крвните садови.
– Хроничниот стрес го зголемува ризикот од кардиоваскуларни и невролошки проблеми – додава кардиологот.
Наместо тоа, кардиолозите советуваат денот да започне помирно, со активности како медитација, лесно истегнување или запишување белешки
Кардиологот д-р Моханакришнан Сатјамуорти препорачува воведување стабилна утринска рутина која можеме да ја повторуваме секој ден.
– Таквиот пристап ја насочува енергијата кон важни задачи како што се квалитетен појадок и движење – рекол тој, додавајќи дека тоа придонесува за подобра концентрација во текот на денот.
Постојаниот ритам на спиење и будење, исто така, помага во намалувањето на стресот.
Раното утро е особено чувствителен период за срцето, предупредува кардиохирургот д-р Александра Харази.
– Раните утрински часови се еден од најопасните периоди за срцето поради зголемувањето на крвниот притисок, хормоните на стрес и забрзаниот пулс – наведува таа.
Докторката додава дека комбинацијата од дехидратација, стрес и кофеин може дополнително да го оптовари организмот.
Кардиолозите истакнуваат дека едноставните промени, како што се хидратацијата, лесното движење и мирниот почеток на денот, можат да имаат големо влијание врз здравјето на срцето.


