Карди Би после десет години ја „освежи“ својата тетоважа: Седум дена трпев огромни болки! (ФОТО)

инстаграм

Откако контроверзната раперка Карди Би (27) неодамна се пофали со тетоважата на грбот, реши да ја освежи и старата тетоважа со паун, која исто така покрива голем дел од нејзиното тело.

Во прашање е огромна и комплицирана тетоважа чие „преправање“ траело седум дена, а раперката исто така истакна дека тие денови трпела огромна болка.

Карди Би на Инстаграм објави слики на кои се гледа тетоважата пред и потоа, па напиша:

„И така… после десет години го преправив својот паун. Цела недела трпев болки со часови“, напиша таа, а објавата за само 20 часа собра повеќе од 7 милиони фанови. Фотографијата од споредбата погледнете ја ТУКА.

Како што е познато, ниту тетоважата која неодамна ја направи на грбот не е помала, а се протега од рамената преку задникот до внатрешниот дел на коленото. Карди Би очигледно ги обожава големите тетоважи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот