Капетан на брод се удави во Скадарското Езеро / Фото: АлфаПрес / alfapress.al

Капетан на брод се удави во Скадарското Езеро спасувајќи двајца туристи

Капетан на туристички брод трагично го загубил животот вчера доцна попладне во Скадарското Езеро во Албанија, за време на херојски чин при спасување на двајца туристи, јавија албанските медиуми.

Капетанот на бродот во сопственост на општина Скадар, 51-годишниот Арбен Аламани, се удавил при спасување двајца туристи кои паднале во езерската вода и почнале да се дават. Туристите се спасени и се во добра здравствена состојба, објавија медиумите.

Потрагата по телото на Аламани продолжи и денеска. Истражниот тим продолжува да работи на целосно расветлување на околностите на инцидентот.

-Општина Скадар загуби еден од своите најпосветени луѓе. Чин на хуманост, но за жал со тажен крај. Арбен секогаш беше во служба на посетителите и туристите, придонесувајќи со страст и посветеност до последниот момент од својот живот, стои меѓу другото во објавата на општина Скадар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот