Капело до Гатузо: Не поднесувај оставка веднаш
Легендарниот Фабио Капело го повика Џенаро Гатузо да „ги почека следните два натпревари“ пред да донесе одлука дали ќе поднесе оставка од селекторската функција на Италија.
Препорачано
„Плативме цена поради грешка на еден фудбалер“, изјави Капело.
Ќе потсетиме, катастрофалниот пораз на Италијанците во Зеница од Босна доведе до трето последователено отсуство на Италија од Светското првенство, кое летово ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
По поразот во Зеница, претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, поднесе оставка, како и шефот на делегацијата Џанлуиџи Буфон.
Се очекува и Гатузо да го следи нивниот пример, но поранешниот селектор на Англија и Русија, Капело, го охрабрува да ја одложи одлуката до јуни.
„Би ги почекал следните два натпревари пред да донесам каква било одлука за Гатузо“, изјави Капело за италијанските медиуми и додаде:
„Да не заборавиме дека ја презеде репрезентацијата со веќе започнат квалификациски циклус под водство на Лучано Спалети, а успеа да внесе карактер и решителност во тимот. За жал, и жално е да се каже, но плативме цена поради елементарна грешка на еден играч“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
19мин
-
30мин
-
54мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


