Кантри пејачка (25) позитивна на коронавирус: Ги загубив сетилата за вкус и мирис

Фото: Инстаграм

Американската кантри пејачка Кејли Шор (25), на социјалните мрежи објави дека е заразена од коронавирус, иако изминативе три недели излегувала само до продавница.

Пејачката е доказ дека опасниот вирус против кој се бори цел свет е болест која „не бира“, а своето искуство го сподели на социјалните мрежи.

„И покрај тоа што бев три недели во карантин (освен што одев до продавница по намирници), успеав да се заразам од Ковид 19. Се чувствувам значајно подобро, но ова е доказ колку е вирусот опасен и заразен. Бескрајно фрустрирачки е да се видат луѓе кои ова не го сфаќаат сериозно“, напиша пејачката на Твитер.

Кејли откри дека најлошо се чувствувала на почетокот, кога ги чувствувала симптомите на вирусот.

„Првите неколку денови беа ужасни. Никогаш порано не сум се чувствувала така. Целото тело ме болеше, а грозницата беше како да сурфам на некој бран. Ги загубив сетилата за вкус и мирис“, објасни таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот