Канада: Властите во Британска Колумбија ги затвораат ноќните клубови поради Ковид-19

Канада, илустрација / Фото: Архива на Слободен печат

Поради зголемување на бројот на случаи на коронавирусот, властите на Британска Колумбија во Канада наредија затворање на сите ноќни клубови, додека во Онтарио се одложи олеснувањето на преостанатите рестриктивни мерки воведени за спречување на ширењето на Ковид-19.

До зголемување на бројот на нови случаи дојде по отворање на училиштата кои беа под клуч повеќе од пет месеци. Во последните 24 часа, бројот на нови случаи во канадската покраина се зголеми за 1.606, што го зголеми вкупниот број на заболени во земјата на 133.748.

Досега од Ковид-19 починале 9.153 лица во Канада

– Оваа недела е навистина многу критична. Ова е многу загрижувачко, бидејќи кога ќе се појави зараза во училиште, тоа е само одраз на она што се случува во заедницата, изјави шефицата на Канадската служба за јавно здравје, Тереза Там.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот