Калистениката доби свој дом на Козјак: Успешно се одржа првото издание на Grizzly cup
На живописната локација кај Езеро Козјак, под топлите зраци на сонцето, викендов се одржа првото издание на GRIZZLY CUP– уникатен спортски настан во организација на Street workout Macedonia и Grizzly Igloos.
Препорачано
Настанот ги собра љубителите на калистеника и бодивејт тренингот од цела земја, со над 30 пријавени учесници, кои се натпреваруваа во две дисциплини: Bodyweight Sets & Reps и Weighted Sets & Reps.

По повеќечасовна напорна борба со медали се закитија Матеј Георгиевски, Бојан Тошевски и Огнен Николовски во Bodyweight Sets & Reps категоријата, како и Бојан Грозданиќ, Иван Миленковски и Бојан Тошевски во Weighted Sets & Reps кои се покажаа како физички најспремни на ова прво издание на купот.

GRIZZLY CUP не беше само натпревар, туку и прослава на здравиот начин на живот и физичката култура. Организаторите најавија дека ова е само почеток, а Козјак ќе остане традиционално собиралиште за сите љубители на калистениката.


