Калиопи Трпчева, илустраторка што ги освои срцата на децата

Децата отсекогаш ја цртаат фантазијата, а не реалноста во која се наоѓаат, така и сега. Сите цртежи што ми ги испраќаат се искрени, исполнети, среќни, дури и нереални, во тоа е убавината. Во своите главчиња тие живееат на друга планета, вели Трпчева.

Сликарката, графичка дизајнерка и едукаторка, авторка на „Радосница“, Калиопи Трпчева, и во периодот на домашна изолација продолжува активно да црта. Нејзините илустрации секогаш содржат цела приказна, и секогаш знаат да го најдат вистинскиот пат до срцата на децата.

Како од академска сликарка тргна по патот на илустрациите, што толку те привлече во детскиот свет?

– Отсекогаш во моите слики имало нешто илустративно, дипломирав со дела комбинирана техника , акрил и колаж на платно. Ми се допадна дигиталната уметност и почнав со илустрации по мојата животна приказна, дојдов до идеја да направам „Радосница“ за моето дете за понатаму истата да се испечати и да може секој да ја има Радосница  – боенка за креативни родители. Неодамна имаше промоција во книжарницата „литература.мк“. Во соработка со „Арс Ламина“, на мое големо задоволство, ми беа дадени најубавите детски книги да ги илустрирам. Од тој момент целосно се посветив на тој колоритен и преубав детски свет.

Publiée par Art of Kaliopi sur Jeudi 26 septembre 2019

Мајка си на две дечиња, колку од нив учиш и какви „лекции“ веќе од нив научи?

– Од мојата ќерка Неда сè уште не можам да научам нешто затоа што е премногу мала, а мојот син Марко секојдневно ми „држи лекции”. Тој е многу активно, насмеано дете и најмногу сака да си игра игри каде играчките меѓусебно зборуваат. Со часови можам да го слушам колку интересни разговори води.Од Марко научив дека и кога нешто не ти се допаѓа треба да се насмееш.

Често ги покануваш децата да ти испраќаат цртежи, што најмногу сега сакаат да цртаат во периодот на изолација? Весели ли се, тажни ли се, нивните цртежи направени меѓу четирите ѕида?

– Јас сум наставник по неформално образование во „Аталје49“ , таму работам со мали креативци , но поради состојбата ние заедно цртаме и боиме преку мојата страна на Фејсбук. Децата отсекогаш ја цртаат фантазијата, а не реалноста во која се наоѓаат, така и сега. Сите цртежи што ми ги испраќаат се искрени, исполнети, среќни, дури и нереални, во тоа е убавината. Во своите главчиња тие живееат на друга планета.

Веројатно, најтешко е да се направат илустрации за детска книга, треба да се влезе во главата на детето, кој е најголемиот предизвик во ваквата илустрација?

– Да работиш за деца треба да си едно големо дете, па затоа и воопшто не ми е тешко на ваквиот предизвик (се смее, н.з.). Пред сè сакам премногу колорит, едноставност во ликовите, ме прави среќна кога преку моите илустрации децата ќе се насмевнат, ќе се подзамислат и ќе се развеселат .

Во илустративните видеа развиваш и цели приказни. Дали некогаш си размислувала да се посветиш на пишување на книги за деца?

– Сите мои илустрации се една голема приказна на мојот живот. Од 2009. почнав да илустрирам случки од мојот живот. А пишувањето го оставам на тие што тоа го знаат подобро од мене , јас раскажувам преку слики.

Што моментно сликаш, илустрираш, цртаж, со што си преокупирана?

– Моментално работам големи формати акрил -колаж на платно, да се релаксирам и чуствувам слободно во деновите на изолација.

Ubav soncev den:)#illustration #procreate #sketch #digitalart #art #artist #macedonia #work#prints

Publiée par Art of Kaliopi sur Samedi 20 avril 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот