Какво влијание има зголемената количина на алкохол врз нашиот организам?

Добро е познато тврдењето дека алкохолот му наштетува на организмот, но многумина очекуваат дека само една чаша вино пред спиење може да ви го наруши сонот.

Научниците Џесика Спендлав и Клои Мекленон одлучиле да откријат што точно се случува со организмот кога ќе испиете алкохолна пијачка и зошто треба да ја избегнувате најчесто.

За „Bed Threads“ тие истакнале дека е многу важно да се обрне внимание на времето на консумирањето на алкохол и дека никако не смеете да го правите тоа пред спиење.


1. Го намалува квалитетот на сонот

Првиот и најголем проблем е што алкохолот го нарушува целокупниот квалитет на сонот. Можеби чашата со вашата омилена пијачка побрзо ќе ве успие, но набргу ќе се јави проблем кој иде во прилог на тврдењето на овие стручњаци.

„Кога пиете, неретко се будите среде ноќ“, вели Клои и додава дека тоа е причината поради која луѓето под дејство на алкохол постојано се будат додека не се потполно одморени.

2. Ја намалува РЕМ фазата на сонот

РЕМ фазата на сонот е најдлабоката и е многу важна, но пиењето на алкохол значително ја намалува.


„Тоа времето кога сонуваме. Доколку се разбудите и не сте потполно одморени, значи дека РЕМ фазата ви била нарушена, најверојатно поради влијанието на алкохолот“, истакнува Џесика.

3. Причина за хрчење

Алјохолот се однесува како сретство за отпуштање на мускулите, а тоа има влијание на грлото и може да ги зголеми шансите за хрчење.

Хрчењето исто така го намалува квалитетот на сонот и понекогаш причинува чести будења во текот на ноќта.

4. Ве тера да одите во тоалет


Алкохолот е диуретик, па луѓето кои се под негово влијание почесто ќе мора да одат во тоалет. Тоа е сигурно една од причините за станувањето во текот на ноќта.

5. Го дехидрира организмот

Конечно, поради алкохолот ќе се чувствувате дехидрирано и ќе се будите во текот на вечерта за да пиете вода.

Алкохолот има долгорочно лошо влијание и на мозокот (концентрација, моќ за расудување, расположение и меморија), срцето (го зголемува крвниот притисок), црниот дроб (го зголемнува ризикот од рак на црниот дроб), желудник (го зголемува ризикот од рак на желудникот и дебелото црево), како и плодноста (го намалува нивото на тестостерон и сперматозоиди кај мажите, додека кај жените го нарушува менструалниот циклус).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот