Каква група на смртта: Италија, Англија и Германија ќе играат меѓу себе во Лигата на нации

Италија и Англија играа во финалето на Евро 2020./ фото: EPA-EFE/John Sibley

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени групите за третото издание од Лигата на нации на кое ќе учествува и Македонија, но вистински спектакл ќе биде во најсилната А дивизија каде дури три поранешни светски шампиони ќе играат меѓу себе.

Ждрепката сакаше групата А3 да биде вистинска група на смртта бидејќи во неа се наоѓаат Италија, Германија, Англија и Унгарија. Италија и Англија играа и во финалето на Евро 2020 на кое на крајот победи Италија по подобро изведување на пенали.

Селекцијата на Хрватска пак се најде во групата А1 заедно со Франција, Данска и Австрија.
Во лигата Б, Србија ќе игра против Шведска, Норвешка и Словенија, додека Црна Гора се наоѓа во група со Финска, Романија и БиХ.

Натпреварите ќе се ограат во јуни и семптември идната година. Полуфиналните натпревари ќе се играат на 14 и 15 јуни 2023 година, додека финалето во Дизијата А е закажано за 18 јуни 2023 година.

Лига А
Група1: Франција, Данска, Хрватска, Австрија
Група2: Шпанија, Португалија, Швајцарија, Чешка
Група3: Италија, Германија, Англија, Унгарија
Група4: Белгија, Холандија, Полска, Велс

Лига Б
Група1: Украина, Шкотска, Република Ирска, Ерменија
Група2: Исланд, Русија, Израел, Албанија
Група3: БиХ, Финска, Романија, Црна Гора
Група4: Шведска, Норвешка, Србија, Словенија

Лига Ц
Група1: Турција, Луксембург, Литванија, Ф. Острови
Група2: Северна Ирска, Грција, Косово, Кипар/Естонија
Група3: Словачка, Белорусија, Азербејџан, Казахстан/Молдавија
Група4: Бугарија, МАКЕДОНИЈА, Грузија, Гибралтар

Лига Д
Група1: Лихтенштајн, Казахстан/Молдавија, Андора, Летонија
Група2: Малта, Кипар/Естонија, Сан Марино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот