Како старата правосмукалка да ја претворите во нова: Потребен ви е само картонот од кујнските бришачи!

Фото: Профимедиа

Повеќето домаќинства користат хартиени крпи или бришачи, кои се фабрички завиткани околу цевка од тврд картон, што, се разбира, откако ќе ја потрошиме целата хартија, ја фрламе.

Сепак, пред да ја фрлите следниот пат, испробајте го овој трик кој веројатно ќе стане еден од вашите омилени за чистење на домот.

При чистењето на куќата со правосмукалка, имаме две опции – правосмукалка со дел за под за пристапни површини и секако само цевката од правосмукалката за потешко пристапните површините. Кога станува збор за вториот начин на чистење, ќе се согласите дека секогаш и не е најпрактично решение бидејќи цевката на правосмукалка е направена од тврд, нефлексибилен материјал и не може да се вовлече секаде.

Картонска цевка од хартиените бришачи е направена од помек материјал и единствено што треба да направите е да ја ставите на цевката од правосмукалката, а другиот крај на картонот да го притиснете со рацете и да изгледа како фен. Проблемот со чистењето на тешко достапните површини со овој ефтин и лесен трик ќе биде решен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот