Како руската војска го сумираше денешниот прв ден на воени дејства во Украина

Руски тенк Украина EPA-EFE/ATEF SAFADI

Русија соопшти дека нејзината војска ги постигнала целите поставени за првиот ден од инвазијата врз Украина, откако го започна нападот и покрај предупредувањата за опсежни западни санкции.

– Сите задачи што им беа доделени на вооружените сили на Руската Федерација за овој ден беа успешно завршени, рече портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков.

– Од почетокот на специјалната операција, руските вооружени сили онеспособија 83 украински копнени воени инфраструктурни објекти, уништија четири авиони и едно беспилотно летало, соопшти генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува ТАСС.

– Вкупно, како резултат на ударите на руските вооружени сили, онеспособени се 83 копнени објекти на воената инфраструктура на Украина. Од почетокот на специјалната воена операција, беа соборени два авиона Су-27, два Су-24, еден хеликоптер и четири јуришни беспилотни летала Bayraktar TB-2 на Вооружените сили на Украина, рече тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот