Како парот кој водел љубов во соседната соба го инспирирал Леонард Коен да стане музичар

Легендарниот Леонард Коен во 1967 година / Фото: Инстаграм/Леонард Коен

Леонард Коен беше неконвенционален уметник. Својата кариера ја започнал како поет и романописец при што бил многу ценет. Кога имал 33 години, Коен неубеден во силата на својата порака, изразениот пишан збор, одлучил да ја остави книжевноста зад себе и да се обиде да влезе во светот на музиката и пишувањето текстови.

Дека треба да тргнат по патот на својот неистражен талент, некои уметници отсекогаш знаат. На другите тоа им „доаѓа во сон“, на трети додека слушаат некоја песна или присуствуваат на концерт или пак некоја свирка која ќе им ја „вклучи сијалицата“. Но, не и на Коен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonard Cohen (@leonardcohen)


Кога во текот на 1965-та година започнал да живее боемски живот, Коен бил ценет поет. Парите и стипендиите му овозможиле да патува низ светот, да го истражува и да пишува за него. Сепак, на крајот местото каде што го нашол неговиот спокој била неговата родна Канада, каде што сфатил дека музиката е иднината.

Додека бил во Торонто, во хотелот „Кралот Едвард“, Коен свирел на својата усна хармоника, обидувајќи се да создаде нови мелодии. Во собата што била споена со неговата, а чија врата била малку подотворена, можело да се слушнат и да се види пар како води љубов, движејќи се по ритамот на неговата музика. Коен ја отворил книгата и почнал да чита една од неговите песни во ритамот што го создавал парот, охрабрен од нивната реакција и воздивнувања што доаѓале од другата соба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonard Cohen (@leonardcohen)


Седејќи во својата соба, Коен рекол:

„Мислам дека ќе ги отпеам и снимам моите песни“, ѝ рекол тој на неговата пријателка што била со него во собата.

„Немој, те молам“, едноставно му рекла таа.

За среќа не ја послушал, пишува магазинот „Macleans“ во 1978-та година. Коен ѝ го завртел грбот на книжевноста, им се посветил на мелодиите и така изградил една од најпопуларните и најбогати кариери во модерната музика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот