Како настанаа „Лобутин“ штиклите со црвениот ѓон?

Лобутин
Фото: Принтскрин / Instagram

Тоа е мечта, тоа е имагинација, тоа е креативност… Штиклите со црвен ѓон го имаат своето место во сечија фантазија – кај жените во посакувањето, кај мажите во провокацијата. Но, како настанаа овие легендарни потпетици?

Познатиот дизајнер Кристијан Лобутин отсекогаш им пркосел на природните закони и техничките тешкотии. Според неговата сопствена исповед,  правењето чевли се граничи со мечтаење, а не со обичен занает инаку тој би се чувствувал ограничен. Тој, всушност, треба да ѝ служи на имагинацијата, а не обратно, а во прилог на оваа теза може да посведочи секој кој имал можност да облече пар со овој потпис.

Уметникот, роден 1964 година во Париз, покажа креативност уште од рана возраст. Тој израснал во друштво на три сестри, кои биле со посветла кожа, што го навело да си прави приказни за неговото вистинско потекло. Во тој период најмногу го привлекувал Египет и неговите фараони, а интересно е што бил на добар пат. Имено, неговиот биолошки татко потекнувал од оваа земја, а во еден момент стапил во тајна врска со својата мајка. Според овие информации, Лобутин отишол во тие краишта, а потоа во Индија, каде поминал една година и се вратил побогат со идеи и цртежи кои ќе му послужат како билет за влез во светот на Високата мода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Louboutin (@louboutinworld)

Познато е дека креаторот бил љубител на циркуси, кабаре и барови. Затоа, рано го напуштил училиштето и се препуштил на ноќниот живот. Во еден момент, тој  дизајнира костими за Фоли Бергер – познато кабаре во градот на светлината. Внимателно ги следи танцовите чекори и си замислува штикли кои ги задоволуваат потребите на учесничките. Тој навистина ужива во тоа, што и се препознава во неговиот стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lola Sandrone (@lola_sandi)

За среќа, тој ќе се осмели да тропне на вратата на Чарлс Журден, на кого му понуди скици со штикли инспирирани од она што го доживеал на неговите патувања. Сепак, пресвртна точка во неговата работа е посетата на Музејот на уметноста на Африка и Океанија во 1976 година. Во таа културна установа тој ќе прочита натпис дека на жените кои носат шпицести салонки им е забранет влез, бидејќи можат да го оштетат дрвениот под, што го мотивирало да покаже дека може и поинаку.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Louboutin (@louboutinworld)

По овој настан, тој ќе стане соработник на неколку модни куќи на Висока мода, како Шанел, а на крајот основа своја, во 1991 година. Прва му верува Каролина од Монако и добриот глас надалеку ќе се слушне. И неговите салонки ќе се разликуваат по карактеристичниот црвен ѓон. Лобутин дошол на оваа идеја откако ги направил првите модели, кои му изгледале премногу мрачни. На дамите ќе им се допадне и оригиналната верзија, но кога тој ќе ја види својата асистенка како ги лакира ноктите во врвена нијанса, ќе реши истото да го проба и на неговите чевли. Чувствува дека ова е вистинскиот потег и нема да  погреши, бидејќи црвената боја има нешто посебно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Louboutin (@louboutinworld)

Жените добија нов предмет на восхит и копнеж, но не е  сè толку одлично, бидејќи овој изум беше проследен со контроверзи. Се бараше подложување на правата на нијансата „Pantone“ регистрирана под 18-1633 TPX. Сепак, тоа не ја засени популарноста на чевлите чија потпетица од 12 сантиметри и секогаш атрактивен дизајн и ласка на женскатафигура. Голема заслуга за успехот на оваа идеја има Кери Бредшо, хероината од серијата Сексот и градот. Конечно, ви откриваме една тајна, а тоа е дека и во новата сезона носи само салонки „Lobоutin“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Louboutin (@louboutinworld)

лобутин
Фото: Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот