Како Меган Маркл ќе го прослави својот роденден?

EPA-EFE
Фото: EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл денеска полни 38 години.

Иако поранешната актерка е навикната на долгите забави, оваа година младата мајка својот роденден ќе го прослави во потесниот семеен круг.

Британските медиуми тврдат по бучната и скапа бебешка забава на која присуствуваше Меган во Њујрок и тоа предизвика гнев и исмевање на Британците, роденденот на војвотката ќе биде прославен скромно.

Извори велат дека кралицата организирала чај-забава за роденденот во резиденцијата во Балморал. Ова е прва посета на Меган на замокот, а ќе биде и првиот одмор на бебето Арчи во Шкотска.

– Овој подарок е многу важен за Меган. Не е тајна дека Балморал е омилено место за одмор на нејзиното височество. Оваа покана е голема чест за војвотката – велат познаници.

Вечерните часови, Меган Маркл ќе ги помине со своето семејство – принцот Хари и нивното дете Арчи.

Во 2018 година, славејќи го својот прв кралски роденден, Меган присуствуваше на свадбата на близок пријател на принцот.

Се тврди дека принцот Хари ја одвел Меган на сафари во Африка за нејзиниот 36-ти роденден. Тогаш врската меѓу нив сè уште не била сериозна и официјална.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот