Како ладен туш: Ештон Качер и Мила Кунис открија се за разводот (ВИДЕО)

По само четири години брак светските медиуми одлучија да ги разведат. Меѓутоа, холивудските актери Ештон Kачер и Мила Кунис на непосреден и интересен начин демантираа се што е напишано.

Тие на нивниот профил на Инстаграм објавија видео за кој британскиот „Metro“ напиша дека веројатно е  најдобриот „ладен туш“ за сите злобни трачеви.

Во описот на видеото, Качер на магазинот кој ја објави веста за нивниот развод му посака среќа со оглед на тоа дека повторно објавиле невистина.

Актерот потсети дека истиот магазин неодамна објави дека парот очекува принова.

„Можеби следната недела мојата жена ќе носи близнаци. По трети пат. Но, кој брои?“, додаде Качер.

Во видеото тие двајца седат во кола и ја коментираат веста за разводот.

„Љубов, што се случува?“, Ештон ја прашува Мила, додека она ја покажува насловната страна на која се тие двајца.

„Готово е со нас….“, изговара Мила Кунис, додека Качер испаничено прашува што ќе биде сега.

Мила Кунис „открива“ дека има чувство дека ја гуши и дека таа му ги одзема децата поради неговите мрачни тајни.

„Какви мрачни тајни“, прашува Ештон заклучувајќи: „Мора да се многу мрачни“!

Тие на сите на овој начин им ставија до знаење дека не се разведуваат и дека се уште се во љубов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот