Како ќе се надомести изгубената настава – што предложи Неделков од СОНК

Македонија училиште ученици наставник професор
Настава во време на пандемија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Скратената наставна програма предвидува наставната содржина да се реализира во целост во позбиена форма или со поголема динамика, истакна денеска претседателот на Самостојниот синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.

Нашето убедување како наставници, посочи, е дека учениците нема да бидат скратени од понудата и можност да надоместат за тоа што сега го имаат изгубено.

– Имаме искуство, сме работеле и друг пат во такви услови и за време на пандемијата кога наставните часови беа 30 минути, а требаше истата содржина да се реализира во рамки на 30 минути. Досега наставниците имаат изгубено зависи кој наставен предмет, еден, два или три, еветуално пет наставни часа ако е математика или јазик меѓутоа секој од наставниците знаат како тоа да го надоместат, рече Неделков, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој на прес-конференција соопшти дека генералниот штрајк на СОНК ќе продолжи и понатаму и оти Советот на СОНК  одлучил да не го прифати предлогот на Владата за 10 процентно зголемување на платите, со кој би се прекинал штрајкот почнат на 11 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот