Како хороскопските знаци го прославуваат Денот на вљубените?

Фото: Freepick

Овен

Желбата на Овните за авантура постои и на Денот на вљубените. Овие луѓе сакаат нови искуства наместо традиционални подароци. Па, оставете ги кутиите во форма на срце и сентименталните картички дома.

Бик

Девојките Бикови сакаат да го прославуваат Денот на вљубените, сè додека не претерате. Големите љубовни гестови се добри, но за нив поважна е личната поврзаност.

Близнаци

Најдобрата одлика на Близнаците е нивната способност за прилагодување. Тие ќе прифатат каков било предлог, па дури и да го прескокнете прославувањето. Едноставно не го сфаќаат Денот на вљубените премногу сериозно и не знаат зошто се крева толкава врева околу него.

Рак

Емоционалниот знак тајно се надева на вистинско прославување на овој празник. Тие сакаат балони во форма на срце, ливчиња од рози и чоколадо.

Лав

Лавовите се познати по нивната верност и љубов, па Денот на вљубените го гледаат како можност да ги покажат тие чувства. Наместо да чекаат од партнерот, голема е веројатноста тие да испланираат нешто.

Девица

За практичните Девици е сосема во ред да не го прослават празникот. Не гледаат причина зошто да трошите пари на цвеќе кое на крајот секако ќе овене.

Вага

Вагите го следат своето срце, па без разлика дали признаваат или не, Денот на вљубените е важен празник за нив. Навистина се надеваат на изненадување или на некој романтичен гест.

Скорпија

Страсните Скорпии не го презираат овој празник, но радо би го поминале на грб… и во неколку други интересни позиции.

Стрелец

Оптимистичните и забавни Стрелци не се „луди“ по романтиката на Денот на вљубените, но ја ценат можноста да го поминат денот со оние кои ги сакаат, без разлика дали тоа е партнерот или пријателите.

Јарец

Јарците се убедени дека овој празник е создаден за трошење пари. Па, баш и не сакаат да го прославуваат. Во ред е да ги однесете на вечера, но не очекувајте да се израдуваат на кадифеното мече.

Водолија

Не дека Водолиите не уживаат во романтиката, но тоа едноставно не е нешто за нив. Сепак, никогаш нема да одбијат прилика за прослава со пријателите. Па, на 14-ти февруари повеќе сакаат да го прослават Денот на пријателите.

Риби

Никој нема несебично срце колку Рибите кои навистина го сакаат Денот на вљубените. Омилениот дел им се подароците, но не оние што ќе ги добијат, туку оние што тие ќе ги подарат. Истото важи и за сите други празници и прослави каде што се вклучени дарувања.

Одберете го совршениот подарок според хороскопскиот знак за Денот на вљубените

Жената Бик сака долги врски, Водолијата независност: Која е вашата идеална партнерка според хороскопот?

Што сонуваат хороскопските знаци и кое е нивното значење? Стрелците како некој ги брка, а Скорпиите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот