Како финските дипломати ги разголуваат соговорниците

Илустративна фотографија / Фото: МИА

Дипломатите од Финска имаат, како што велат, тајно оружје, уникатен начин на интеракција со луѓето, под услов тие да се подготвени да се разголат, пишуваа црногорскиот весник „Вијести“.

Имено, финските дипломати редовно користат сауни како опуштено место за разговор за меѓународната политика и за решавање проблеми. Во што е кваката?

Новинарот на Би-Би-Си Џејмс Лендејл и се придружил на една нова екипа од финска амбасада во Лондон за да види како се одвиваат разговорите во сауна.

– Со години постои една дипломатска екипа за сауна во финската амбасада во Вашингтон, како и во другите делови од светот. Сега, таква екипа постои и во амбасадата на Финска во Лондон. Форматот на „сауна дипломатијата“ е едноставен. Финските дипломати ги повикуваат своите гостиво амбасадата. Следува претставување, испивање пијалаци, а потоа и повик за соблекување. Прво одат во сауна жените. Откога тие ќе завршат, влегуваат мажите. На крајот сите се собираат за нешто да изедат. Наречете го тоа, едноставно, вмрежување – објасни новинарот.

Советничката за печат во финската амбасада во Лондон Хели Соуминен кажала дека тоа е дел од старата финска традиција, составен дел од тамошниот начин на живеење.

– Сауна дипломатијата се сведува на градењето на доверба и на создавање пријателства. Тоа ствара добар амбиент за искрени дискусии. Фактот што луѓето во сауна се соблечени помага сите да се чувствуваат еднакви, полесно да ги заборават улогите и титулите. Така, всушност, се стасува до сржта на нештата – нагласи таа.

Лендејл потврдил дека токму тоа и се случувало вечерта кога тој бил дел од сауна дипломатијата во Лондон, но нагласил и оти сауна дипломатијата не функционира во сите земји.

– Некои култури се помалку навикнати на речиси целосно соголување во јавност, но постои нешто многу интимно кога се стиснати во мал, слабо осветлен простор, заедно со уште пет мажи – раскажа тој.

И бриселскиот дипломат во Лондон Федерико Бјанки потврдил дека уживал во дипломатската активност беа вообичаените алатки какви што се костум и мобилен телефон.

– Мошне необично е да бидете разголени и да не можете да се потпрете врз сопствениот изглед и врз перцепцијата што мислите дека вашиот соговорник ја има за вас. Се потпирате само врз сопствените, голи, зборови – рече Бјанки.

Весникот потсетува дека имало периоди кога финските лидери користеле сауна и за директна дипломатија. Во 60-тите години од минатиот век, водачот на „финската студена војна“ Урхо Кеконен го однел тогашниот претседател на СССР Никите Хрушчов во сауна за да го убеди да и дозволи на Финска да се интегрира со Западот. А кога рускиот претседател Владимир Путин ја посетил земјата во 2005 година, престојот во сауна со сопругот на тогашната финска претседателка Тарја Халонен, го опишал како „прекрасно искуство“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот