4 C
Скопје

Како да се биде повторно љубезен во овој нељубезен свет?

Првото нешто на што ги учиме децата се правилата за добро однесување. Ние инсистираме тие секогаш да кажува „молам“ и „благодарам“ и да бидат љубезени со сите. За жал, ние возрасните понекогаш забораваме да ги следиме овие правила, па затоа е добро да се потсетиме на работите што ги прават „љубезните луѓе“.

Почитувајте го личниот простор на другите луѓе

Во ред е да се ракувате кога поздравувате познаници или луѓе што ги среќавате за прв пат, освен, се разбира, за време на пандемија. Прегратки, бакнежи и други допири, сепак, остануваат само на оние за кои сигурно знаете дека не им пречи, пишуваат на веб-страницата на City Magazine.

Не поставувајте премногу лични прашања до соговорникот

Прочитајте и...  Сајмон Кауел раскажа за страшната несреќа: Мислев дека ќе умрам

Ако лицето со кое разговарате сака да ви се довери и да открие нешто за себе што не одговара на ушите на сите, слушајте го и обидете се да му помогнете доколку има проблем. Во други случаи, избегнувајте да поставувате премногу лични прашања на луѓе што неодамна сте ги сретнале и бидете внимателни со оние што ги познавате подолго време.

Не го прекинувајте вашиот соговорник

Бидете добар слушател и воздржувајте се од непотребни упади кога другите зборуваат, особено кога тие ви кажуваат нешто важно. Запомнете што сте сакале да кажете и кажете му на вашиот соговорник кога неговата беседа е завршена.

Бидете подеднакво љубезни и со домарот и со директорот

Прочитајте и...  Мешовита комисија: Културен натпревар во молчење за Гоце

Убавите манири диктираат дека во комуникацијата со луѓето покажувате еднаква почит кон луѓето од сите социјални класи. Само на овој начин ќе бидете навистина љубезна и културна личност.

Не бидете премногу гласни во јавност или кога сте на гости

Никој не сака да ги слуша вашите телефонски разговори во автобусот. Од оваа причина, воздржете се од оваа активност освен ако не сте добиле итен повик и обидете се да зборувате потивко. Исто така, внимавајте да не бидете премногу гласни кога сте во посета на пријатели или роднини, особено ако сите седите на иста маса.

 

 

 

Поврзани вести

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА I Ловџика на трофеи ја згрози јавноста: На денот на заљубените позираше со убиена жирафа

И.И.

„Twitter“ наскоро со нова опција: Ќе се наплаќаат ексклузивни содржини

Слободен Печат

Дали Меган Маркл навистина го откри полот на бебето со овој детаљ?

Слободен Печат

Руски психотерапевт советува како до подобар, посреќен и поисполнет живот

Слободен Печат

Кралицата Летиција им пркоси на модните правила: Трет пат се појавува во ист стајлинг

Слободен Печат

Бредли Купер и Ирина Шајк по скоро две години видени повторно заедно

Слободен Печат

Остави Коментар