Како да го надминете секојдневното чувство на умор

unsplash

Се чувствувате уморно? Вообичаено е да се чувствувате уморно во овој брз и модерен свет. Честопати, може да се најдете себеси како „трчате“ од една до друга активност, не одвојувајќи време што можеби ви е потребно за баланс и мир на душата.

Не секогаш е лесно да се прецизира точната причина зошто се чувствувате како да немате воопшто енергија. Ако чувствувате константен умор а причините за тоа не се очигледни, можеби најдобро е да го посетите вашиот лекар. Тоа може да биде знак на некоја состојба, особено ако ви се случува секојдневно.

Знаците дека уморот може да значи нешто посериозно вклучуваат необјаснета болка, треска и главоболки. Но, доколку сакате да внесете едноставни промени еве неколку предлози за тоа.

Балансирана исхрана

Една од причините за здрава и урамнотежена исхрана е зголемување на нивото на енергија. Доколку внесувате доволно хранливи материи јадејќи свежа храна од различни групи на храна, вие сте на вистинскиот пат. Комбинирајте нерафинирани јаглехидрати со протеини за одржливо ниво на енергија. Вклучете растителни влакна и антиинфламаторна храна.

Следењето на урамнотежена исхрана, исто така, помага за полесно варење, расчистување и чистење на вашето тело. Всушност, истражувањата покажуваат дека храната може да биде првиот индикатор за хроничен замор.

Вежбајте редовно

Придобивките од редовното вежбање се широко признати. Вежбањето ослободува ендрофин кој природно го зголемува нивото на вашата енергија. Исто така, вежбањето помага за поквалитетен сон. Една студија од 2008 покажала дека редовното вежбање може да ги намали симптомите на замор. Вежбајте најмалку два часа со умерен интензитет секоја недела. За полесно да се држите до планот за вежбање пронајдете другар за вежбање или ангажирајте личен трене

 

Пијте повеќе вода

Останете хидрирани. Дехидрацијата може да доведе до ниско ниво на енергија. Исто така, може да има негативно влијание врз вашиот сон, сушење на устата и носот, може да предизвика хрчење, засипнатост и грчеви во нозете.

Едно истражување од 2014 година, покажала дека зголемениот внес на вода кај луѓе кои обично не пијат доволно вода, има корисни ефекти врз енергијата. Луѓето кои го намалиле внесот на вода не можеле да се пофалат со чувството на смиреност, задоволство и позитивни емоции.

Намалете го внесот на кофеинот

Намалувањето на внесот на кофеин може да ви даде повеќе енергија на долг рок. Иако кофеинот може да ви даде „почетен поттик на енергија“, откако ќе се потроши, се враќа чувството на исцрпеност. Обидете се полека да го намалите внесот на кофеин, а со тоа ќе си помогнете во процесот на балансирање на природните нивоа на енергија во вашето тело.

 

Внимателно со алкохолот

Алкохолот знае да го „исфрли“ вашето тело од рамнотежа, доведува до слаб сон, особено ако сте дехидрирани. И покрај тоа што алкохолот може да ви помогне да заспиете, нема да бидете во длабок сон. Кога пиете алкохол, пијте во умерени количини и обидете се паралелно да пиете повеќе вода.

Имајте помали, а почести оброци

Во однос на нивото на енергија, почестото јадење помали порции во текот на денот може да биде покорисно отколку да јадењето еден или два поголеми оброци. Тоа е затоа што така се одржуваат стабилни нивоа на шеќер во крвта.

Со јадење на секои три до четири часа, помала е веројатноста за варијабилна енергија. Избегнувајте прејадување, најдобро е да престанете да јадете во моментите пред да почувствувате ситост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот