Кај Смоквица откриени мигранти од Куба

Синоќа во 21 часот на наплатна рампа „Смоквица”, полициски службеници од полициската станица за граничен премин Богородица го лишиле од слобода Ф.А.(31) од Скопје.

При контрола во возило „фолксваген венто”, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица – мигранти од Куба – Д.Х.А.А.(31), М.Р.Ј.А.(25) и И.Ц.В.А.(27).

Странците биле предадени во полициска станица за понатамошна постапка. За случајот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот