Кадиров: По Украина, следна на мапата за денацификација е Полска

Рамзан Кадиров
Рамзан Кадиров / Фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на Телеграм напиша дека по завршувањето на војната во Украина, Русија треба да изврши „денацификација и демилитаризација” на Полска.

„Со поддршката на Украина, Варшава успеа да ги исцрпи сопствените воени ресурси и сега е збунета: што ако, по успешното завршување на специјалната воена операција, Русија почне со денацификација и демилитаризација на следната земја? Впрочем, по Украина на мапата е Полска! Нема да кријам дека јас лично имам таква намера“, напиша Кадиров.

Кадиров вели дека западот „ќе клекне“ и ќе ги препознае своите грешки, и според него пред крајот на годинава ќе запре војната во Украина.

Тој смета дека Русија треба да помогне во организацијата на „референдум“ за автономија на Шлезија, од која најголемиот дел е дел од Полска.

Ова не е прв пат Кадиров да ѝ се заканува на Полска, која е членка на НАТО. Според Кадиров, полските власти започнале „лоши игри“ со Русија, откако пренесуваат оружје во Украина и наводно испраќаат платеници.

Чеченскиот лидер е познат по своите изненадувања и “испади“ на социјалните мрежи. Тој пред 3 месеци објави видое на твитер во кое ги повикува „сите муслимани и припадници на кавкаскиот народ да почнат света војна“ во Украина.

Сонувам да умрам во оваа војна, и јас и моите деца“, вели Кадиров во видеото.

ВИДЕО | „Сакам да умрам… и јас, и моите деца“: Рамзан Кадиров објави бизарна снимка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот