Кадиров итно го примиле во болница во Москва: Лекарите едвај успеале да го оживеат

Чеченскиот лидер и сојузник на Кремљ, Рамзан Кадиров, бил итно хоспитализиран во Москва ноќта помеѓу 24 и 25 декември по ненадејно влошување на неговата здравствена состојба. Кадиров пристигна во руската престолнина за да учествува на состанокот на Државниот совет со кој претседаваше Владимир Путин, но не се појави на состанокот, денеска пишува Украинска правда, повикувајќи се на извори на порталот Новаја Газета Европа.

Според изворите, Кадиров бил пренесен со брза помош во Централната клиничка болница на претседателската администрација на Руската Федерација, а состанокот на Државниот совет се одржал без претставник на Чеченија.

„Едвај успеале да го реанимираат во Москва, по што се вратил дома и оттогаш не се појавил во јавноста“, тврди изворот.

Ова не е првпат оваа година да се пишува за здравствените проблеми на чеченскиот лидер. Претходно тој веќе бил хоспитализиран во приватна клиника во Грозни, а неговата состојба наводно продолжила да се влошува оттогаш.

Самиот Кадиров претходно изјави дека доживува „нервни сломови“ и „постојано чувство на напнатост“, што го припишува на загриженоста за учеството на чеченските борци во војната против Украина.

Истрагата на порталот „Новаја Газета Европа“ претходно покажа значително влошување на здравјето на Рамзан Кадиров, што, како што велат, го предизвикало процесот на промена на власта во Чеченија.

Кадиров уште во мај изјави дека побарал да биде разрешен од должноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот