Кадиев: Нема ништо невообичаено во постапувањето на Јанева во предметот „Империја“

Таков е нашиот впечаток, веруваме дека и судот истиот впечаток ќе го има, Дељо Кадиев, еден од адвокатите на второобвинетата во случајот, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Нема ништо невообичаено во постапувањето на Катица Јанева во предметот „Империја“. Денеска беше сослушана обвинителката Елизабета Јосифовска. Сосема коректно си даде исказ како било работењето, односно она што може да го сведочи, какво било работењето во СЈО, како се добивале предметите на распоред. Како таа постапила по одредени барања поврзани со предметот „Империја“ и ние како одбрана сметаме дека се покажа дека ништо невообичаено немало во нејзиното постапување во поглед на овој предмет, како и воопшто дека нема ништо невообичаено во постапувањето по предметот „Империја“, изјави по денешното рочиште за случајот „Рекет“, Дељо Кадиев, еден од адвокатите на второобвинетата во случајот, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

– Таков е нашиот впечаток, веруваме дека и судот истиот впечаток ќе го има – рече Кадиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот