Кадетските кошаркарски репрезентации ќе настапат на Европскиот младински олимписки фестивал
Како дел од подготовките за настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“, во наредните денови двете македонски кадетски репрезентации ќе имаат пет квалитетни проверки на кошаркарскиот турнир.
Препорачано
Две наши национални селекции, оние „Под 16“ години, ќе бидат дел од кошаркарскиот турнир на Европскиот младински олимписки фестивал кој се одржува во нашата земја.
Машката селекција, која се подготвува за настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Скопје (7-16 август), е дел од групата „А“ на овој собир на млади спортист(к)и, заедно со репрезентациите на Турција, Франција и Летонија.
Женската селекција, која исто така ја очекува настап на ЕП од Дивизијата „Б“ во Истанбул (20-29 август), ќе игра во групата „А“, заедно со Белгија, Финска и Германија.
Машкиот турнир ќе се игра во спортската сала во Куманово, додека оној женски сегмент своите натпревари ќе ги игра во непосредна близина, односно во салата „Перо Наков“.
ЕМОФ—КОШАРКАРСКИ ТУРНИР
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА
МАЖИ
21.ЈУЛИ
18.15: Македонија – Турција
22. ЈУЛИ
18.15: Франција – Македонија
23.ЈУЛИ
18.15: Летонија – Македонија
*Натпреварите се играат во спортската сала во Куманово
ЖЕНИ
21.ЈУЛИ
16.00: Македонија – Белгија
22. ЈУЛИ
16.00: Финска – Македонија
23.ЈУЛИ
16.00: Германија – Македонија


