Јун сук јеол Фото: EPA-EFE/Chung Sung-Jun / POOL

Јужна Кореја: Обвинителите бараат смртна казна за поранешнот претседател Јун Сук Јеол

Јужнокорејските обвинители денес побараа смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук Јеол, прогласувајќи го за виновен за поттикнување бунт поради обид за воведување воена состојба во декември 2024 година.

„Специјалните обвинители побараа смртна казна за поранешниот претседател Јун како „водач на бунтот““, објави новинската агенција Јонхап.

На 3 декември 2024 година, Јун неочекувано прогласи воена состојба, со проглас во кој се вели дека сака да ги елиминира „бесрамните, антидржавни, пријателски настроени сили на Северна Кореја“.

На државниот удар се спротивставија пратениците, а парламентот на Јун му ги суспендираше претседателските должности, беше уапсен – нешто што му се случи за прв пат во земјата на актуелен претседател – приведен и обвинет.

Бунтот е казнив со смрт според законот на земјата, иако во Јужна Кореја со децении не е погубена личност осудена на смрт.

Во завршниот збор пред Централниот окружен суд во Сеул, обвинителот рече дека истражителите потврдиле постоење на план наводно под раководство на Јун и поранешниот министер за одбрана Ким Јонг Хјун, кој датира од октомври 2023 година и е дизајниран да го задржи Јун на власт.

Јун, 65, ги негира обвиненијата.

Тој тврдеше дека е во негови овластувања како претседател да прогласи воена состојба и дека акцијата имала за цел да алармира за опозициските партии што ја попречуваат владата.

Се очекува Централниот окружен суд во Сеул да донесе одлука за случајот во февруари.

Судот во Сеул издаде налог за формално апсење на соборениот претседател Јун, тој останува во притвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот