Јужна Кореја ќе обезбеди 2,3 милијарди долари помош за Украина

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Јужна Кореја ќе и обезбеди на Украина среднорочен и долгорочен пакет помош во вредност од 2,3 милијарди долари, чија испорака ќе започне оваа година, најави јужнокорејскиот министер за надворешни работи Чо Тае-Јол за време на состанокот на земјите-партнери во НАТО од Индо-пацифичкиот регион, објавија украинските медиуми.

Покрај тоа, Сеул, исто така, ќе даде 12 милиони долари за рехабилитација на ранетите украински војници преку Фондот на НАТО за помош на Украина.

На состанокот присуствуваа и претставници на земјите-партнери на НАТО од Индо-пацифичкиот регион, вклучително и Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.

Највисокиот дипломат на Јужна Кореја рече дека поддршката на Северна Кореја за вооружувањето на Русија влијае не само на безбедноста на Европа, туку и на Корејскиот Полуостров и на Индо-пацифичкиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот