Јужна Кореја има тест за истовремено откривање на сезонски грип и на коронавирус

Фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Здравствените власти во Јужна Кореја одобрија нов тест дизајниран да открие и ковид-19 и сезонски грип од ист примерок, што ќе биде од помош на болниците во овој период.

Новиот тест насочен кон гените специфични и за ковид-19 и за сезонски грип еволуираше верзија на ПЦР тестови што се користат за откривање на вирус од материјал земен од носот или од грлото.

– Болестите е тешко да се разликуваат според симптомите, така што дијагностицирањето за двете, со резултат за три до шест часа би било корисно за пациентите и, исто така, ќе го намали товарот врз здравствените работници, изјави високиот службеник во Министерството за здравство Јун Таехо.

Корејскиот центар за контрола и превенција на болести денеска пријави 118 нови случаи на ковид-19, повеќето од нив во главниот град Сеул и околината. Вкупниот број на позитивни случаи во земјата сега изнесува 26.925, вклучувајќи и 474 смртни случаи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот